Friday, February 24, 2023

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа.

Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓорги Парго се истакнале со своите историски дела.

Основното образование го почнал во родното село, но откако училиштето сe затворило, продолжил да оди во Царев Двор, со својот другар Владе Шарковски, секој ден и по студ и по невреме преку Езерени, пешки по десеттина километри кон Царев Двор и назад.

Се истакнал со бистрина и највисоки оценки поради што редовно и бил пофалуван од наставниците и од директорот на училиштето Ѓорги Прцуловски, кој понатаму го смета за свој доживотен пријател.

Детството го поминал и на училиште и на нива, биле тоа години кога во помагање на семејството биле вклучени и тој и помалите сестри Златка и Лепа.

Средно училиште тргнал да учи во Битола, но по две недели поминати таму го предомислил неговиот татко Лазар, за да биде поблиску до него, тој тогаш работел во "Гранит" како надгледувач на изградба на патот Ресен - Охрид.

Се запишал во гимназијата "Свети Климент Охридски", се сместил во интернат.

Во тоа време ги запознава другарите Иван Голабоски, Јане Ангеловски, Наум Бурназ, Николина Котушевска, Лазар Петковски, Елена Петровска, Васил Костојчиновски, Нијази Лиманоски, за кои секогаш зборува со радост.

Wednesday, February 22, 2023

МЛД "Кочо Рацин" Мелбурн ќе ја промовира „Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ од авторката Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска


Во организација на македонското литературно друштво "Кочо Рацин "од Мелбурн, во сабота, на 25 ти март, 2023 година со почеток во 13.00 часот, во Mill Park Library (394 Plenty Road, Mill Park,VIC), ќе се одржи промоција на најновата мотивациска книга за личен развој „Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ од авторката  Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска. 

Оваа книга го истражува егото како главна препрека за постигнување на постојан мир, трајна среќа и вечно блаженство. Исто така, книгата нуди научно засновани техники и клинички докажани стратегии кои ќе ви помогнат целосно да се ослободите од егото, да постигнете смирена состојба на умот и да го реализирате целиот свој потенцијал во животот.

 Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска е доктор на медицина и доктор на психолошки науки. Таа е светски позната мотивациска говорничка и психолошка советничка која спроведува терапевтски сесии на луѓе од различни делови на светот, како што се Австралија, Азија, Европа и Латинска Америка. Др Снежана им помогнала на илјадници луѓе од преку сто земји во светот да ги надминат своите проблеми со менталното здравје, да го најдат мирот во себе и да го подигнат своето ниво на свест.

Др Попорданоска е исто така основач на организацијата „AnotherWay – Life Education” која е едукативна и хуманитарна невладина организација за личен развој со седиште во Мелбурн. Визијата на оваа организација е да ги разбуди вистинските човечки вредности меѓу луѓето, да ја зголеми колективната свест и да донесе позитивни промени во светот. За повеќе информации посетете ја веб страната: www.anotherwayeducation.org

Споделете ја оваа информација со вашите пријатели.




 

Saturday, November 5, 2022

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма. Поезијата е како најубава уметничка слика во зборови, стихови кои произлегуваат од душата на поетот и го разоткриваат сето она што некој го доживел, доживува или сака да му даде нова дименизија на настаните. Поезијата е одлична во поставување прашања, дестабилизирање и терање на човекот да ги гледа работите на поинаков начин, инкорпорирајќи разновидност на гласови на начини на размислување. Поезијата може да обезбеди јасен израз на емоции во тешки и напорни моменти.

Во учењето на креативно пишување се зборува за учениците кои треба „да си го пронајдат својот глас“ и најдобрите песни кои се читаат се напишани со токму тој глас на писателот. Тоа е затоа што поезијата, за писателот и читателот, има голема важност.

Постои мистериозна особина кај некого која го тера да создаде нешто убаво, вистинито, оригинално. Тоа го прави умешно користејќи ги алатките на уметничката форма, отворајќи се себеси за да донесете вистинска магија. Тоа е уметност. За тоа како да се направи песна, што е строфа и метафора, како функционираат прекините на линијата, различните ефекти создадени од долги или кратки редови, рима или не - ова се само неколку од безбројните елементи на занаетот.

Мајсторството е патување, а не дестинација

Поезијата е отпор, потсетник, чувар на духовните вредности, пламен кој полека но сигурно ги грее срцата на читатетлот, влева надеж. За да се созададе песна, потребно е човек да го поседува тој дар во себе. Пишувањето поезија доаѓа од душата, тоа е текст кој со многу малку зборови кажува многу, ја пренесува пораката и човек го обзема милост кога ќе осети дека научил или се поттикнал од тие куси стихови. 

Monday, October 31, 2022

АВСТРИСКИОТ ЦАР ЛЕОПОЛД ЗА МАКЕДОНИЈА

 Историја
Австрискиот Цар, Леополд први. уште пред повеќе од 300 години не само што го спомнува македонскиот народ како посебен на Балканот туку и јавно прокламирал дека го става под своја заштита.
На 6 април 1690 година, Цар Леополд објавил Манифест и им се обратил на сите народи и земји на Балканот. Во Манифестот пишувало - ги повикувам сите народи, населени низ Албанија, Сербија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба..да преминат сите на наша страна и да заземат оружје против Турците, за спас и ослободување и за напредок на хриситијанската религија.
Дваесетина дена подоцна,, на 26 април 1690 година, Царот Леополд, издаде Заштитно писмо (напишано на латински како и манифест) во кое тој конкретно се обраќа до Македонците.

АРИСТОТЕЛ ВО ПЕЛА

 Пишува: Ванѓелко Лозаноски 

Историја

Филип и Аристотел биле познаници пред Аристотел да е назначен за учител во Пела. Во кралскит двор се чувствувал како во неговиот роден дом, зашто татко му му бил лекар на кралот. Филип како крал, колку и да бил поплавен од раководење на државата, најдувал време да се сретне со Аристотел, од кого можел нешто да научи за политиката, водењето на државата, зашто дотогаш светот немал таков човек дар од науката.

И кралот македонски Филип и светскиот научник Аристотел имале големи идеали. Филип мислел да го освои светот, а Аристотел светот да го зголеми со низа науки. Нивните дискусии имале космички димензии. Филип помагал со средства за реформа на образованието во Македонија, а Аристотел го подготвувал својот тим за реформите да бидат успешни.
Архелај уште со преселбта на престолнината во Пела, во новата кралска престолнина се вселија учители, поети, уметници, културни дејци итн. Во таа културно - просветна кралска екипа беше македонскиот поет Аррибаиос, кој ги постави темелите на македонската поетска школа, која се надоврза на народното македонско поетско творештво. Филип располагаше со своја екипа од учители, културни дејци и уметници.
Аристотел во кралскиот двор најде образован кадар, којшто со негови подготовки беше солиден НАСТАВЕН КАДАР, кој може да го подигне образованието во главниот град на повисоко ниво за да се основа високата ШКОЛА- ПЕЛА.

Аристотел на школата Пела и дал нови размери на образовниот и воспитниот процес. А воедно ги проширил наставните предмети од општествеените и природните науки Филозофија, логика, зоологија, психологија, биологија, космологија, антропологија, етнологија, географија, картографија, астрономија, математика, аритметика, лингвистика, литературата, итн.
За ново воведените предмети требало да се напишат учебници, да се даде помошна литература, наставни средства и помагала. Аристотел за таа цел образувал тим од над 40 негови истакнати ученици. А со тек на времето, тие стануваат негови соработници: учители, препишувачи, преведувачи на книги, и воспитувачи. Во таа група имало вредни таленти кои упорно го следеле неговиот пат. Благодарение на неговите соработници, Аристотел успеал да продре во низа науки, да напише многу книги од кои светската наука со векови се напојувала. Да заклучиме дека: Аристотел твори заедно со неговите блиски соработници и творци над една деценија во школата Пела.
Пред походот за Азија и Африка, во библиотеките на Пела и во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, се преведуваа и препишуваа низа дела корисни за светската литература, медицина, култура и наука. Од Македонија патуваа заедно со фалангата патуваа заедно лекари, политичари, поети, архитекти, уметници, музичари, градежници, вајари, ликовни уметници, резбари итн. Се ширеше македонскиот јазик, писмо, култура и наука во новоосвоените земји. Се градеа мостови, населби и графови.

ЗАЛОГ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА

 Извадок

“ Есента 1894 година во Штип, каде бил учител Даме Груев, пристигнале Гоце Делчев и неговиот другар туше Делииванов. Уште со своето пристигнување Гоце внел нов дух и нов живот во развитокот на револуционерното движење. Тој го раширил кругот на учесниците во револуционерните групи, откако привлекол сиромашни еснафи и работници од маалото Ново Село, во кое тој бил учител, а исто така и селани од целата штипска околија. Секоја саботна вечер тој излегуваше од Штип, преправен или не, и се враќаше в недела навечер или в понеделник наутро...со доаѓањето на Гоце се изменил карактерот на организацијата. Скриената, конспиративна дејност на дотогашните мали групички, тој ја преобразил во пирока илегална дејност. Надарен со здрав национален усет, Гоце јасно согледал дека во единството на сите Македонци лежи залогот за слободата на Македонија како самостојна политичка единица. Пред неговата убедлива проповед во името на заедничкиот идеал, исчезнуваа вештачки создадените национални непријателства “
 (Евтимов Дим. П: Делото на Гоце Делчев“. Во името на идејата “Македонија на Македонците“ голем број од припадниците на етничките групи ја поддржале Организацијата. Во Западна Македонија Гоце бил пречекуван како посакуван гостин и од гркоманите и од бугароманите и од србоманите и од Власите.

ОКТОМВРИСКИ ПЛАМЕН





Автор: Гордана Димовска

 Се разгори нов пламен, Илинден трет

Доста се маки и страдања

Да го истераме окупаторот клет.

 Блесна, поведе борци

Кон нов симбол на слободата,

Храбри и силни,

Со љубов исполнети срца  и лица нивни.

 

Војникот оди напред и вее алово знаме,

Ги поведе сите на борбениот фронт со завет

За конечна слобода на македонскиот народ,

Во која секој ќе се радува и слободно ќе живеe.

Рамо до рамо со сојузници силни

Се бора смело, живот не жалеа за Македонија земја света

Се роди нов Илинден како оној од 1903-та.

Редици во недоглед, стоилјадни чети

Ја продолжија борбата за идеалите свети.

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓор...